Реално сценарио за влез на Македонија во ЕУ, со конкретни години
2005 г. – Македонија добива кандидатски статус за членство во ЕУ. Се очекува брз влез.
2009 г. – Европската комисија препорачува почеток на преговори. Преговорите не почнуваат.
2018 г. – Потпишан е понижувачкиот Преспански договор. Ни го отвораат патот кон ЕУ… барем на хартија.
2020 г. – Советот на ЕУ дава зелено светло за почеток на преговори.
2022 г. – Формално започнува скрининг процесот со ЕУ.
2024 г. – Скринингот напредува. Сѐ уште нема отворено поглавја.
2027 г. – Македонија отвора први поглавја. Се слави како да сме влегле.
2028 г. – ЕУ воведува ново правило: „Кој преговара повеќе од 20 години – автоматски станува член од сожалување.“
2029 г. – Македонија официјално влегува во ЕУ. Се слави 3 дена и 3 ноќи без престан.
2030 г. – Македонците сочинуваат 20% од администрацијата на ЕУ. Секој состанок почнува со кафе.
2032 г. – Македонците достигнуваат 60% од администрацијата. Се воведува нов работен принцип: „Ај утре ќе го завршиме“.
2033 г. – Европската администрација воведува задолжителна пауза за кафе од 90 минути.
2034 г. – Германија бара извештај за ефикасност. Добива одговор: „Во тек е формирање на комисија која ќе ви го достави извештајот“.
2035 г. – Франција и Германија излегуваат од ЕУ. Образложение: „Ставаме пауза на нашето членство на неколку години“.
2036 г. – ЕУ практично функционира по балкански принципи. Слоганот и официјално станува: „Ќе биде“.
2037 г. – Македонија одбива да го воведе еврото: „Уште малку да размислиме“.
2038 г. – Поранешните членки бараат повторно влез во ЕУ… но сега тие чекаат ред и термин.

Коментирај анонимно