Рецепт: Совршениот италијански леб без месење
Нема ништо поубаво од мирисот на свежо испечен леб кој се шири низ кујната. Денес ви ги откриваме тајните на италијанскиот леб без месење – совршено крцкав однадвор и неверојатно мек однатре, подготвен за само еден час! Совршен избор за секоја домашна трпеза и за секој љубител на топло парче леб со растопен путер.

Потребни состојки за италијански леб кој не бара месење
За подготовка ви се потребни:
• 100 мл топла вода
• 8 г квасец
• 1 лажичка шеќер
• 575 г брашно
• 350 мл топла вода
• 1 лажичка сол
• 30 мл маслиново масло
• брашно за посипување

Како да го направите италијанскиот леб – чекор по чекор до совршен резултат
1. Во 100 мл топла вода додадете квасец и шеќер. Оставете да отстои 15 минути.
2. Во посебен сад измешајте брашното и 350 мл топла вода, потоа додадете го активираниот квасец. Добро промешајте.
3. Додајте сол и нежно замесете го тестото.
4. Додајте маслиново масло и уште еднаш кратко промешајте.
5. Оставете тестото да одмори 15 минути.
6. Преклопете ги рабовите на тестото 8–10 пати. Оставете да одстои уште 15 минути и повторно преклопете.
7. Најлесно со подмачкани раце, ставете го тестото да одмори 1 час.
8. Поделете го на 4 дела, богатo посипете со брашно и покријте со крпа за 30 минути.
9. Печете на 200 °C – 25 минути, потоа уште 10 минути само на горен и долен греач.
И тоа е сé – вашиот домашен италијански леб е готов!
Целосната подготовка можете да ја видите на видеото:
https://youtu.be/DX88dboOlSA?si=gXcpLugTIfB0FWYi

Од цел свет, онли во Македонија се јаде леб. Ако е мек, може и цел уз 2 тањира грав или зелка!
Порано се додаваше и сол за арома, а имаме и познат бенд на таа тема: Леб и Сол, додуше се растурија, али одбележија повеќе децении одлична музика пред се и над се по балканските земји!
… A tek so ajvar. A sto se odnesuva do leb i sol samo pocit
Коментирај анонимно