Ретко кое машко ќе каже вака за друго, но Бред Пит е исклучок! Јавно им даде жежок комплимент на Џорџ Клуни и покојната холивудска икона Пол Њуман

Ѕвездата на „Bullet Train“ Бред Пит(58)одлучи повторно малку низ комплимент да се пошегува со неговиот долгогодишен пријател Џорџ Клуни (61).

Минатата година Клуни се пошегува дека навистина со нетрпение очекува повторно да работи со „евтиниот“ Пит.

Бред Пит рече : „Тој ми е пријател и навистина добро се забавуваме заедно. Навистина се радувам на тоа. Клуни потоа се пошегува: „Бред очигледно беше најевтиниот меѓу достапните актери“.

Па така Бред Пит  возврати на ударот од минатата година на пософистициран начин. Запрашан од Vouge кои се „најзгодните мажи во светот во минатото и сегашноста“, Пит одговори: „Знаете во светот на глумата затоа што тоа е мојата секојдневна работа… Непосредна опција е Пол Њуман. Затоа што старееше толку грациозно“.

И потоа се пошегува дека за сегашноста морал да каже дека неговиот колега и близок другар Џорџ Клуни е најзгодниот маж.

Тој додаде: „Бидејќи обично, јас секогаш се шегувам на негова смета, а тој секогаш на моја. Но сега еве ќе фатам друг пат, но само еднаш“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *