„Роб Бароу Лидс маратонот беше еден од најдобрите!“ 81-годишна баба штотуку го заврши својот 175-ти маратон и има за цел да истрча вкупно 300 маратони

Хилари Варам, од Лидс, која почнала да трча на 55-годишна возраст, во неделата го заврши својот 175-ти маратон.

Пензионерката, истрча 42 километри на Роб Бароу Лидс маратонот и го заврши за осум часа и 15 минути. рече: „Беше неверојатно. Никогаш не очекував дека ќе биде толку добро“.

Таа кажа дека многу луѓе дошле да ја бодрат за време на трчањето што ѝ помогнало да стигне до целта.

„Многу луѓе ме познаваат, не само тркачите туку и од другите дисциплини, па додека трчав околу луѓето скокаа од толпата за да ме прегрнат“.

 

Хилари призна дека кога на маратоните секогаш е тешко, а најтешко е при крајот. „Секогаш е тешко, а најтешко е и ако си сам. Ако имаш публика мислите ти се таму и само трчаш и воопшто не се концентрираш на себе или на тодека дека ти е напорно“

 

Тоа доаѓа откако легендата на рагби лигата, Кевин Синфилд го истрча Роб Бароу во Лидс маратонот додека го туркаше својот пријател и поранешен соиграч Роб Бароу во инвалидска количка. Непосредно пред целта, Кевин застана и го крена Роб од неговата инвалидска количка и го носеше на раце, трчајќи преку линијата на задоволство на публиката.

Пред трката, Синфилд им се заблагодари на сите вклучени што „создадоа нешто толку неверојатно во името на Роб“. „Денес е прослава на пријателството“, додаде тој.

Маратонот собра средства за Центарот Роб Буроу за болести на моторните неврони и добротворната организација на болниците во Лидс.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *