Роберт Патинсон, фраерот што ги крадеше срцата на тинејџерките сега им ги краде и „сукњните“
Науката еднаш го прогласи Роберт Патинсон за најатрактивниот маж во светот, а пред некое време тој докажа дека науката појма немала што прави.
На неодманешното модно шоу на Диор тој се појави во здолниште

Актерот направи „храбар“ моден потег кога на ревијата во Париз се појави во сино здолниште. За да го комплетира овој „шик“ изглед, тој облече крзнена јакна, високи чорапи и очигледно рибарските чизми на дедо.
Ова треба да ги охрабри мажите да стапат во контакт со својата женствена страна, нешто што жената цел живот го бара од мажот по дома. Па изгледа Роберт си рекол, „епа ова му е мајката“.
Патинсон како и сите луѓе имал несигурности и комплекси за своето тело и имиџ. А по ова како е облечен за имиџот ќе разбереме, и ние би имале.

„Немам пакет стомачни мускули и не сум набилдан, мразам да одам во теретана. Така сум цел живот. Никогаш не сакав да ја соблечам мојата кошула“. Во едно интервју, тој откри дека за време на неговите денови во Twilight, продукцискиот тим побарал од него да ја отстрани кошулата, но „Мислам дека ми рекоа да ја облечам повторно“.
Се уште се трудиме да разбереме како здолништето ти го реши проблемот со теретаната…
„Еднаш не јадев ништо освен компири 2 недели“.

Тој призна дека испробал различни методи на исхрана, од кои еден бил јадењето компири како форма на детоксикација. „Само варени компири и хималајска розова сол. Очигледно тоа е чистење… дефинитивно слабеете“.
Ја пробал и кетогената диета. „Во основа ја испробав секоја мода што можете да ја замислите, сè освен конзистентноста“. Значи, неговата резолуција за 2023 година е токму тоа – да биде поконзистентен со неговите навики во исхраната. Само се надеваме дека нема да биде така конзистентен и со модата…
Патинсон вели дека и мажите лесно се погодени од штетните стереотипи за телото.

Кога го прашале за тоа како дошол во форма за неговата улога во Бетмен, Патинсон рече: „Мислам дека ако постојано вежбаш, тогаш имаш проблем. Никој не го правеше ова во 70-тите. Дури и Џејмс Дин – тој не беше баш набилдан“.
Тој доби многу критики за неговиот одговор, но подоцна објасни дека не сака да зборува за неговиот режим на вежбање бидејќи е „прилично непријатно кога ќе влезете во шема на одговарање на прашања за вашето вежбање, бидејќи секогаш ќе има дечко што изгледа подобро од вас“
А вака ако сте облечени да знаете дека многу ќе изгледаат подобро од вас…


Коментирај анонимно