Роби Вилијамс: А може ли да се пее без заби?
Роби Вилијамс гордо ја покажува својата нова насмевка после една несреќна случка. Поранешниот член на Тake That останал без преден заб додека се подготвувал за спиење, додека сопругата Ајда Филд го чекала во спалната. По несреќата, Роби сподели дека ќе му треба време да го поправи, бидејќи неговиот стоматолог е цел пет часа авионско растојание далеку. Ајда, пак, не издржа да не му се потсмее.

Роби остана без дел од забот додека четкал заби, Ајда се насмеала дека личи на „Глупавиот и Поглупавиот“
Споделувајќи ја приказната на Инстаграм, Роби вели: „Синоќа си ги четкав забите. Додека се враќав во кревет, јазикот ми се занимаваше со нешто ново… нова дупка, нова вдлабнатина. Да бидам искрен, делуваше интересно.“ Не сфатил одма што се случило, се додека не се насмевнал кон Ајда: „Тогаш таа вдиша нагло – и јас сфатив: ‘Ах. Ова ново чувство е затоа што ми фали половина заб’. Ајда се насмеа. И јас се насмеав. Потоа рече дека личам на ‘Глупавиот и Поглупавиот’. Искрено, личам.“
Стоматологот му е во Лос Анџелес, а тој има настапи во Мајами – новата насмевка можеби ќе потрае
Роби продолжи: „Јас сум во Мајами, а стоматологот што ми ги направи забите е во ЛА. Имам настапи закажани. Треба ли да летам пет часа само за еден заб? Или… ова ми е новиот изглед сега?“ Пејачот дури се шегуваше дали „да го обои местото како на Гластонбери 1995“, прашувајќи ја публиката: „Ова е поправање или нов бренд? Намасте, Lobby Wiwams x.”


Коментирај анонимно