Роботи го играат српското оро „Моравец“ за Вучиќ во Кина
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, кој престојува во официјална посета на Кина, сподели видео на својот Инстаграм профил на кое хуманоидни роботи го играат српското оро „Моравец“.
Мали видеото го објави по посетата на иновативниот центар на кинеската компанија Minth Future Factory, истакнувајќи дека во Кина технологијата постојано ги поместува границите.
„Во Кина навистина може да се видат неверојатни работи, па дури и роботи кои играат ‘Моравец’“, напиша тој во објавата.
Тој најави и дека планот е ваквите роботи да ги пречекуваат посетителите на изложбата EXPO 2027, која ќе се одржи во Белград.
Во меѓувреме, српскиот претседател Александар Вучиќ, кој исто така е во официјална посета на Кина, изјави дека Србија наскоро ќе започне со производство на хуманоидни роботи.
Според него, првата фаза од проектот — односно склопувањето на роботите — треба да започне во Србија најдоцна до 15 јули.
*извор на видеото Сител

Коментирај анонимно