Роботи што чувствуваат? Млад иноватор им вградува „виртуелни емоции“ – срцев ритам, температура и потење за да емитуваат страв, радост и анксиозност

Еден 19-годишен технолошки претприемач се обидува да им вгради на роботите „виртуелни телесни функции“ како срцев ритам, телесна температура и одговор на потење – во обид да ги направи поемотивни и подобро да ги разбираат човечките емоции, како радост, страв или анксиозност.

Во интервју за TechCrunch, Теди Ворнер, основач на стартапот Intempus за „емоционално интелигентни роботи“, објаснува зошто сака вештачката интелигенција да ги има истите физиолошки реакции што ние луѓето ги доживуваме при силни емоции.

 

Роботи што чувствуваат? Млад иноватор им вградува „виртуелни емоции“ – срцев ритам, температура и потење за да емитуваат страв, радост и анксиозност

Од Midjourney до емоционална симулација

Ворнер ја добил идејата додека работел во компанијата за ИИ-генерирање слики, Midjourney. Таму, тој и негови колеги работеле на развој на таканаречен „светски модел“ на ИИ – модел кој носи одлуки како човек во реалниот свет. Но, според Ворнер, овие модели не успеваат целосно, бидејќи се базираат на податоци од роботи кои немаат никакви физиолошки реакции.
„Роботите денеска одат од точка А (набљудување) до точка Ц (акција), но кај луѓето постои и точка Б – нашата физиолошка состојба,“ вели тој. „Роботите немаат физиолошка состојба. Тие не чувствуваат стрес, не се забавуваат, не се возбудуваат.“
За да можат роботите навистина да разберат и комуницираат со луѓето на природен начин, Ворнер смета дека мора да го добијат тоа „Б“ – чувството, состојбата, реакцијата.

 

Од Midjourney до емоционална симулација

Потење, лажни детектори и роботи со емоционален состав

Со помош на полиграфски тестови (детектори на лаги), Ворнер и неговите соработници почнале да мерат реакции како потење при емоционален стрес и анксиозност. Врз основа на тие податоци, тој креирал ИИ модел што може да им овозможи на роботите да имаат „емоционален состав“.
„Имам неколку роботи, и секој ‘трча’ различни емоции,“ вели Ворнер. „Сакам некој да влезе и веднаш да почувствува дека овој робот е среќен, дека има намера. Ако тоа го постигнам – ја завршив работата.“

 

Потење, лажни детектори и роботи со емоционален состав

Награди, поддршка и иднина на емотивната роботика

Ворнер неодамна доби стипендија од фондацијата на контроверзниот милијардер Питер Тил – награда што секоја година се доделува на млади иноватори со визија. Откако ја основал Intempus во септември, успеал да воспостави партнерства со седум компании и моментално вработува нови истражувачи.
Во иднина, Ворнер планира и сам да произведува роботи – не само да ги надградува постојните.

 

Награди, поддршка и иднина на емотивната роботика

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *