„Родители, време е да ги одвикнете децата од „Дизни”: Детскиот бренд склучи договор за реклама на детска облека и производи со трансродовиот инфлуенсер Шон Алтман и ги испровоцира луѓето на бојкот!

Шон Алтман, кој понекогаш се облекува како жена, но за себе ја користи заменката „тој”, направи спонзорирана објава за профилот на „Disney Style TikTok”, покажувајќи како се облекол како Мини Маус.

 

 

„Буквално личам на Мини Маус и одлично се вклопувам со Мики и неговите пријатели“, рече тој на видеото на кое се гледа како се дотерува. „Лакот, со фустанот и чевлите навистина одговараат совршено. Сега сум модерен, смел и забавен, исто како Мини Маус!”

 

Родителите брзо реагираа со бес на рекламата, а многумина изјавија дека нема да прават никаков бизнис со компанијата како последица на тоа и побараа од другите да ги следат во овие чекори.
РОДИТЕЛИ – Исклучете го целиот „Дизни” од животот на вашето семејство.

Еден родител на „Твитер” напиша: „Штедам две години за патување со ќерка ми во „Дизни Ворлд”. Се надевав дека ќе се вразумат за ова срање, но не покажуваат никаков знак од тоа. Крстарење по Карибите, еве доаѓаме, тоа е подобра опција. Во секој случај, можам да си го дозволам тоа полесно“.

 

 


Втор човек рече:  „Јас сум родител на мали деца и со гордост велам… Не, НЕМА да потрошам пари за да го однесам моето семејство на „вообичаеното“ патување во „Дизниленд” за да го збогатам таа џиновска, бездушна, глобалистичкгадно разбудена, мега-корпорација“.
Трет човек предупреди: „Родители: Време е да ги одвикнете децата од „Дизни”. Тие користат ВОЗРАСЕН ЧОВЕК за да продаваат облека на мали девојчиња. Плус тој вели дека еден ден е девојка, а друг ден маж. Дизни ги индоктринира вашите деца“.
„DailyMail.com” побара коментар за оваа приказна до Дизни и Алтман.

Алтман има повеќе од 700.000 следбеници на „TikTok” и над 157.000 на „Instagram”.

На „YouTube”, тој вели: „Ја сакам модата и верувам дека луѓето треба да можат да носат што сакаат врз основа на тоа како се чувствуваат без ограничувања“.
„Се облекувам како се чувствувам во одреден ден. Она што го носам отсликува како се чувствувам тој специфичен ден“, вели тој за списанието „Serving”. бично купувам во женскиот дел, но секогаш внимавам да ја опфатам целата продавница“.
Маркетиншкиот тим на „Disney Style” се надева дека нивното партнерство со Алтман е поуспешно отколку нивните колеги во „Bud Light” на почетокот на годината.
Тоа беше најпопуларното пиво во Америка повеќе од две децении, но во април брендот објави промоција со трансродовиот инфлуенсер Дилан Мулвејни, што предизвика огромен бојкот.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Жарко Г. напиша:

    А, Мики Маус си го секол курето и станал Микица Маусица
    РЕЗИЛ.

  • Serafim напиша:

    Ova e sve za na Lecejneeeeee Neka Gori cela Evropa so oviee Satanisti

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Serafim Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *