Родителите ѝ забраниле да се игра со барбики, па одлучила самата да стане Барбика

Девојка од Германија се претвори во кукла Барби. Таа потроши цело богатство на пластична операција, а гледајќи ја пред и потоа, тешко е да се поверува дека станува збор за истата личност.

Џеси Бани, вели дека пораснала во германско село во прилично конзервативно семејство. Таа секогаш сакала да се истакне помеѓу врсниците, но родителите не ѝ го дозволувале тоа. Тие ѝ забраниле да се шминка и да ја средува косата. Родителите дури ѝ забраниле и да се игра со куклата Барби, за да нема негативно влијание на неа.

„На моите родители навистина не им се допаѓаше кога сакав да бидам повеќе женствена. Тие беа против шминкањето и ме караа за стилизирање на косата. Отсекогаш сакав да се сликам и да изгледа поженствено.“, вели Бани.

Во 2019 година, 18-годишната Џеси завршила средно и отишла во Виена за да продолжи со студиите. Студентката имала 7000 евра на својата картичка – овие пари мама и тато ѝ ги штеделе со години, а ги потрошила на операција за зголемување на градите. „Навистина ми се допадна резултатот. Новите гради ми дадоа огромна самодоверба.“, вели таа.

Ова искуство ја инспирирало девојката да направи понатамошни промени. Таа уште еднаш ги зголемила градите, вбризгувала полнила во усните, направила липосукција и ја исправила формата на образите и брадата. За сите процедури ѝ биле потребни 23 илјади евра. „Пет месеци по операцијата на градите, ја примив првата доза на полнила за усни и сега немам идеја како да живеам без нив“. Сега девојката заработува од OnlyFans и вели дека мажите се луди по неа и постојано и нудат понуди за брак, но на неа не ѝ се брза.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.