Родителите на Тутанкамон биле брат и сестра, откриваат научниците

ДНК анализата прикажана во документарниот филм на БиБиСи „Тутанхамон: Откриена вистината“ откри впечатливи врски меѓу членовите на семејството на Тутанкамон. Според филмскиот водител Далас Кембел, споредувањето на ДНК на таткото на Тутанкамон, Ехнатон, со онаа на неговата мајка откри изненадувачки резултати.

„ДНК тестовите не само што ги идентификуваа членовите на семејството на Тутанкамон, туку открија и нешто зачудувачки“, рече Кембел. „Откривме дека таткото и мајката на Тутанкамон биле брат и сестра“.

 

Научниците вклучени во студијата, објавена во списанието на Американското медицинско здружение, беа изненадени од откритието.

„Ова беше големо изненадување за нас“, рече еден од истражувачите. „Се испостави дека се брат и сестра“.

Истражувачите веруваат дека членовите на кралското семејство практикувале бракови меѓу блиски роднини за да ја обезбедат чистотата на нивната крвна линија. Фараоните се сметале за „синови на боговите“ и не требало да се венчаат со „обични луѓе“. Меѓутоа, модерната наука покажува дека таквите бракови го зголемуваат ризикот од несакани гени и ја намалуваат генетската разновидност.

Ова откритие ни овозможува да дознаеме повеќе за потеклото на Тутанкамон, кој се искачи на тронот на осумгодишна возраст. И покрај тоа што владееше помалку од 10 години, младиот крал стана еден од најпознатите фараони во историјата.

  • Ljubomir напиша:

    Da ne beše pronajdena,neograbena grobnicata, nikoj ne bi se ni sećaval na nego. Toj bi bil samo ime spomenato kaj Maneton

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *