„Ролс Ројс“ има нова супер играчка за најбогатите: целосно електричниот „Spectre“, кој ќе ве воодушеви со својата супериорност

„Ролс-Ројс“ конечно го издаде својот прв целосно електричен автомобил, елегантниот и тивок „Spectre“ почнува да се продава од денес на супербогатите клиенти кои сакаат да бидат „позелени“.

 

 

Новиот „Spectre“ има моќни 577 коњски сили (430 kW) со два електрични мотори, по еден на секоја оска, придвижувајќи го возилото тешко 3 тони од 0 до 60 километри на час за само 4,4 секунди. Максималната брзина се очекува да биде ограничена на 155 километри на час.

Иако точните цени се уште не се објавени, компанијата вели дека „Spectre“ ќе има цена помеѓу „Cullinan 4×4“ и водечките модели „Phantom“.
Но, бидејќи клиентите ретко купуваат нов Rolls-Royce без да додадат значајни лични допири и додатоци, тие обично ќе потрошат повеќе од 500.000 евра.

 

„Spectre“ е опширно тестиран – од замрзнатите пејзажи околу Арктичкиот круг во Северна Шведска, до тестирање на топлото време во Јужна Африка и Азурниот брег.

Опишан како првото ултра луксузно електрично супер купе во светот, производителите рекоа дека „Spectre“ го најавува почетокот на новата целосно електрична ера за „Rolls-Royce Motor Cars“ и покажува колку Rolls-Royce е совршено прилагоден за електрификација.
До 2030 година целото нивно портфолио на производи ќе биде целосно електрично, потврди „Ролс-Ројс“.

 

 

Но, од „Ролс-Ројс“ велат дека нивните автомобили се совршено прилагодени за енергија од батерии и дека коосновачот во 1900 година, почесниот Чарлс Ролс, кој купил свој електричен автомобил, предвидувал иднина за потивок и позелен моторен автомобил.

 

Повеќе од 120 години подоцна, газдите велат дека е дојдено време Ролс-Ројс да го исполни пророштвото на својот основач.
„Rolls-Royce Motor Cars“ е со седиште во Гудвуд во близина на Чичестер во Западен Сасекс и вработува повеќе од 2.000 луѓе во својата фабрика таму.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *