Рускиот суд ја осуди американската НБА ѕвезда Бритни Гринер на ДЕВЕТ години затвор, поради шверц на марихуана

Бритни Гринер е осудена на девет години затвор во Русија поради внесување на канистер со марихуана во февруари оваа година.

Ѕвездата на женската НБА лига беше прогласена за виновна за шверц на дрога, од судија кој го отфрли нејзиното тврдење дека случајно ја донела дрогата. Нејзините адвокати велат дека имаат рок од десет дена да поднесат жалба на пресудата и изречената казна, а типичната казна изречена за вакво кривично дело е шест години.


Претседателот Бајден веднаш ја осуди казната и тврдеше дека е „погрешно приведена“ – и покрај тоа што таа се изјасни за виновна. Таа рече дека тоа е „чесна грешка“ и дека дрогата мора „случајно“ да завршила во нејзината чанта.
Во изјавата веднаш по изрекувањето на пресудата, Бајден рече: „Русија погрешно ја приведува Бритни. Тоа е неприфатливо и ја повикувам Русија веднаш да ја ослободи за да може да биде со сопругата, саканите, пријателите и соиграчите“. Тој рече дека ќе продолжи да работи „неуморно“ за да ги врати дома неа и Пол Вилан – уште еден Американец затворен во Русија.


Но, многу Американци мислат дека затворањето на Гринер е фер.

Иако деветгодишната казна е сурова, помеѓу народот се поставува прашањето зошто таа ја донела дрогата во Русија, знаејќи дека е строго нелегална. Меѓу нив е и Доналд Трамп, кој рече: „Таа влезе таму натоварена со дрога, на непријателска територија, а тие се многу свесни околу тоа“.

Пред да биде изречена казната, таа замоли за попустливост и побара од судот да го земе предвид нејзиниот добар карактер.

„Сакам да им се извинам и на моите родители, на моите браќа и сестри, на Феникс Меркјури, на прекрасните жени од ВНБА и на мојот неверојатен сопружник дома“- рече Гринер
„Никогаш не сакав да повредам некого, никогаш не сакав да го загрозам руското население, никогаш не сакав да прекршам закони“.

Стејт департментот преговараше за ослободување на Гринер како дел од договорот што исто така ќе го врати затворениот Американец Пол Вилан дома. Договорот е на маса со недели, но Русија допрва треба да се договори. Како дел од договорот, Белата куќа предложи размена на Вилан и Гринер, но не и Марк Фогел – учител кој беше затворен во Русија во 2021 година под сомнение за шверц на дрога.

На Гринер всушност и била препишана медицинска марихуана во Соединетите Држави за ублажување на болката од хроничните повреди, метод на лекување што е вообичаен меѓу елитните спортисти бидејќи има помалку несакани ефекти од некои лекови против болки.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *