„Сѐ уште го дојам своето 5 годишно дете и не гледам проблем во тоа!“, мајка говори отворено за нејзината несекојдневна пракса

Една мајка се отвори за доењето на својот петгодишен син, возвраќајќи им на луѓето кои го означија нејзиниот избор како „чуден“.

Корисничката на „TikTok“ и мајка на две деца Лорен МекЛеод, излезе на платформата за социјалните медиуми за да ја објасни нејзината ситуација.


На своите следбеници им кажала дека нејзиниот син, кој штотуку ќе наполни пет години, сè уште дои еднаш дневно, непосредно пред спиење.

Таа потоа сподели како секогаш слуша изјави од типот на: „Не можете да го доите вашето 5-годишно дете, тоа е толку чудно“.

Но, бранејќи го својот избор, Лорен рече: „Не е чудно“.

„Тоа е биолошки нормално и сѐ уште работи за нас“.

Лорен продолжи да ги споделува своите дополнителни причини за нејзиниот родителски избор, бидејќи рече дека знае дека тоа е добро за нејзиното дете и затоа не гледа проблем со тоа.

Таа во својот натпис напиша: „Мојот син за неколку дена полни 5 години и да, сѐ уште го дојам“.

„Само еднаш пред спиење, но тој сепак има корист од тоа на многу начини“. Но, спречувајќи негативни коментари, таа рече дека тоа нема да трае вечно“.

Таа ја заокружи својата објава со реченицата: „И да, гарантирам дека ќе биде добро пред да започне средно училиште“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *