Сакате да одите на Месечината, но не можете? Доволно е само да отидете во Дубаи, затоа што ќе градат вештачка Месечина!

Само 12 луѓе биле на Месечината. Но, што ако искуството на Месечината може да се спушти на Земјата како една несекојдневна туристичка дестинација?

Барем тоа е она што планира да го направи архитектонска фирма од Канада. Мајкл Хендерсон, еден од двајцата претприемачи зад концептот, изјави дека проектот е „голем, многу сложен и целосно уникатен“.

Издигнувајќи се над 200 метри, со дијаметар на сфера од 198 метри, проектот треба да содржи 4.000 „луксузни апартмани за одмарање“. Тој ќе вклучува и приватни резиденции, достапни за купување – сместени внатрешно во рамките на главните згради како дискови со надградба. Сопствениците ќе бидат членови на ексклузивен клуб кој „ќе ужива во ексклузивни привилегии“.

Еве како изгледа хотелот од дизајнерска перспектива:

 

Посетителите исто така ќе можат да се прилагодат како астронаути и „да доживеат одреден степен на бестежинска состојба“ на „месечевата површина“ на одморалиштето.

„Оваа технологија е единствена само за Месечината. Не можам да објавам сè во овој момент поради договори со трети страни. Можам да споделам само дека оделото за астронаут што ќе го носите на површината на Месечината ќе ви обезбеди одреден процент на намалување на гравитацијата. “, вели Хендерсон.

Дополнително, резервоарот за вода и кабелскиот систем ќе обезбедат „сензација на целосна нулта гравитација“.

При создавањето на ова ремек-дело, креаторите планираат да користат само напредни достигнувања во архитектурата, инженерството, дизајнот и најновите технологии. Се претпоставува дека на Месечината ќе бидат отворени претставништва на различни вселенски агенции, а во зградата ќе бидат опремени специјални центри за обука на идните астронаути.

Деталите за самата „месечева колонија“ се уште се скудни, но познато е дека областа ќе нуди стандардни угостителски услуги, како што се хотелски соби, велнес центар, ноќен клуб, место за состаноци. Покрај тоа, тие ветуваат дека ќе лансираат „лунарен шатл“ во внатрешноста на земјиниот сателит.

„Moon World Resorts“ планира да одржи серија презентации на проекти низ светот во 2023 година, а самата изградба би требало да трае околу четири години.

Чини повеќе од 5 милијарди долари, но како што велат, целта на овој објект е да им помогне на посетителите да го искусат вселенскиот туризам.

  • Чкорче напиша:

    Ова е прав зицер за америте, ваква шанса не смеат да пропуштат… да и се ,,качат,,.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Чкорче Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *