Само стилот е битен, а не големината! Еве како изгледаат девојките со различна градба во иста облека

Во општеството постои мислење дека некои модели на облека се направени исклучиво за витки девојки, а не се погодни за девојки со облини. Но, всушност, сето тоа се стереотипи и девојките кои учествуваат во предизвикот наречен Style not size тоа го докажуваат на дело.

Првите луѓе кои објавија фотографии во овој предизвик се другарките Дениз Мерцедес и Марија Кастеланос, кои се целосно спротивни една на друга. Денис е модел со плус големина, додека Марија е ситна и кревка девојка. И двете девојки имаат мислење дека големината не е важна, бидејќи девојките со облини лесно можат да носат тесна облека, исто како што слабите девојки не треба да се засрамат со длабокото деколте без да имаат обемни гради.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *