Само во Македонија: Скопјанка дознала дека има ДВА ЕДИНСТВЕНИ матични броеви откако ѝ бил издаден „необичен“ извод од матична книга на родените

60-годишна Скопјанка која е родена во Скопје го чекала изводот од матична книга на родени 2 недели, за најпосле да стигне по пошта без матичен број и без државјанство.

На прашањето зошто е тоа така упатено службеник на шалтерот во Министерството за правда одговорот е: „Што си правела ти со матичните?“

 

 

Се испоставило дека Скопјанката има два матични броеви, а под ниеден не ја наоѓа во системот во Министерството. Додека пак им покажала важечка лична карта и пасош, кои покажуваат дека таа е Државјанин на Македонија на што тие повторно одговориле: „Не знам што да ви кажам, тука не ве дава дека сте државјанин на Македонија“.

Единствено нешто што може да направи е да поднесе барање до Министерството за внатрешни работи за тоа кој е важечки ЕДИНСТВЕН матичен број. А одговор на прашањето како таа се здобила со два единствени матични броеви никој не може да даде.

 

  • Zoc напиша:

    Исто така разбрав дека сум имал 2 матични пред да се женам и тоа на 38, па ми велат да сум сменел се дека прв ми бил тој каде што сум роден… ама нашле каде да се крстат, реков ако ми плати државата за сите документи до дипломирање на факултет сите документи да ги сменам нема проблем, ако не јас ќе ве тужам … па дури повеќе од месец дена се шетав полиција, матично општина додека не си го решија сами проблемот!!! само не знам кој го користел другиот и колку гласале во мое име до сега од тие ФАНТОМИТЕ!!!

  • Ani напиша:

    Toa e koga “pismeni” rabotat

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *