Самохрана мајка, која се плашела дека никогаш нема да роди поради нејзината дијагноза, родила два пара идентични близнаци со разлика од 15 месеци

Овие браќа изгледаат како сите други среќни дечиња – но немаат поим колку се посебни. Четирите момчиња се две групи идентични близнаци, зачнати по природен пат и родени со разлика од само 15 месеци.

 

Тоа е исклучително ретка ситуација и, неверојатно, мајката Шауна Хјуз зачнала уште еден пар близнаци во првата бременост, но тие завршиле трагично, со сонтан абортус. Нејзините најстари момчиња Френки и Фентон сега имаат 17 месеци и се браќа на двомесечните Луи и Лука.

 

Самохраната мајка, Хјуз (21), вели дека спие само два до три часа секоја вечер и ретко добива пауза, дури и со голема помош од бабите и дедовците на момчињата – и не би сакала на друг начин.

Хјуз, од Рочдејл, Голем Манчестер, вели дека нејзиното срце „пука од гордост“ кога ги гледа своите четири момчиња заедно.

Хјуз која моментално е на породилно отсуство, верувала дека не може да има деца. Во 2019 година ѝ била дијагностицирана ендометриоза, состојба поврзана со неплодност. Таа рече дека останала „без зборови“ затоа што имала два последователни пара идентични близнаци – и се чини дека така биле и нејзините лекари. Добротворната организација Twins Trust соопшти дека таквата ситуација е „многу ретка“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *