Саша Барон Коен ќе ја врати од 25 годишна пензија својата жолта тренерка и повторно е подготвен да ги смее луѓето, влегувајќи му во кожа на урнебесниот лик Али Џи!
Се чини дека Саша Барон Коен ќе го врати својот најпознат лик, Али Џи, кој го вивна актерот до слава во 1990-тите.

„Варајети“ откри дека се верува дека англискиот комичар работи на турнеја во која се споменува иконскиот лик, кој првпат се појави во 1998 година.
Додека фановите ќе чекаат сонетрпение, можноста за нов филм на Али Џи засега е отфрлена поради штрајковите на актерот и писателите во САД.

Извор изјави за Variety: „Како член на SAG и WGA тој го поддржува тековниот штрајк заедно со неговите колеги писатели и актери“.
Саша излезе на сцената во Забавниот кварт на Мур Парк како негово алтер его набргу откако тој и неговото семејство се преселиле во земјата и ги запрепасти присутните.

Тој тогаш за британскиот „GQ” рече: „Само сакав да се качам на сцената и да се шегувам и да видам како ќе биде Али Џи со толпата. Беше навистина добра забава. Причината поради која станав комичар беше тоа што сакав луѓето да се смеат на моите шеги.
Да се слуша смеа е ретка работа за мене. Кога ги снимам филмовите, морам да чекам три месеци за да слушнам како се смее публиката“.
Али Џи го имаше своето деби на екранот во 1998 година во шоуто на Канал 4, „The 11 O’Clock Show”, кога интервјуираше истакнати јавни личности во Велика Британија, пред да го води „Da Ali G Show” од 2000 година.

Некои од неговите најпознати гости беа Дејвид и Викторија Бекам кога се појавија во специјалното издание во 2001 година.

Коментирај анонимно