Саудиска Арабија ја започна изградбата на футуристичкиот еко-град кој ќе смести 1.2 милиони жители до 2030 година (ВИДЕО)

Саудиска Арабија го започна амбициозниот урбан проект „Линија“, претставен како пустински град со една зграда, кој ќе се протега на 170 километри и ќе може да смести 1,2 милиони луѓе до 2030 година и вкупно 9 милиони луѓе до 2045 година, со проектирани трошоци од 1 милијарда американски долари – еквивалент на 980 милијарди евра.

 

Во видеото од дрон споделено на Интернет, можно е да се види почетокот на изградбата на овој футуристички еко-град во форма на два облакодери со огледало. На футуристичкиот град ќе му требаат години за да се заврши и ќе се наоѓа на северозапад од земјата, во близина на Црвеното Море.

Еве како ќе изгледа градот: