Сè додека не се сретнат повторно: Лојалниот другар секој ден гледа во морето чекајќи да се врати неговиот сопственик рибар години откако тој се удавил

Серија фотографии го овековечиле моментот кога кученце застанало на брегот на перуанската плажа чекајќи го својот сопственик рибар да се врати дома – години откако човекот починал на море.

 

„Вагито“, како што е познат меѓу локалното население во крајбрежната област Лима, Пунта Негра, секој ден се шета до плажата со надеж дека ќе се појави неговиот стар другар. Кучето било забележано од Џоли Мехиа додека таа и нејзиното семејство уживале во прошетка на плажата. Таа првично мислела дека Вагито го чека сопственикот и да му прави друштво додека тој да дојде да го земе.

„Тој не изгледаше напуштен, беше чист, па го погалив чекајќи го сопственикот, но помина време и никој не дојде“, рече Мехија.

Неколку моменти подоцна, еден жител на Пунта Негра ѝ го открил тажното минато на Вагито.

„Тој ни кажа дека кучето живеело со рибар кој починал одамна“, изјави Мехиа. „И тоа, оттогаш, кучето доаѓа овде секој ден и гледа во морето“.

Според Мехиа, Вагуито бил посвоен од локална жена по смртта на неговиот сопственик и жителите помагаат во неговото одржување. „Имам куче дома“, рече таа. „Ги сакам кучињата воопшто. Неговата приказна навистина ми го допре срцето“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *