Се натпреварувале Буш, Горбачов и Глигоров кој има најхрабар војник (виц)

Се натпреварувале Буш, Горбачов и Глигоров кој има најхрабар војник.

Буш:

– Сега ќе видите што е американски маринец. Џон!
– Да, господине!
– Ајде убаво скокни од онаа кула таму, за својата држава и за независноста.
– Ама, господине, имам жена, деца, семејство…
– Кукавицо една, се посрамоти и себеси и мене и Америка.

Горбачов:

– Сега ќе видите што е вистинска руска беретка. Владимир!
– Да, другар претседателе.
– Ајде убаво скокни од онаа кула за нашата држава и за другарот Ленин…
– Ама, другар, имам жена, деца, семејство…
– Кукавицо една, се посрамоти и мене и себеси и целата наша земја!

Глигоров:

– Сега вие ќе видите што се вика војник. Трпе! Дојди ваму!
– Што е, бе?
– Ја гледаш ли онаа кула таму?
– Ја гледам!
– Е, немој случајно да скокнеш од неа…
– Така ли? Е, баш ти ќе ми кажуваш!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *