Се пензионира од пиштолот и се фати за шипката – Полицајка по 30 години поминати во служба стана стриптизета и дава поинаков вид „казни“

Мишел Волтон (51) работела како полицаец 30 години пред да се пензионира и да се вработи како стриптизета. Се разбира, нејзината програма е изградена на фетиш. На сцената се преправа дека е сообраќаен контролор, постепено се соблекува, а на крајот од настапот влегува во салата за да ѝ даде казни на публиката за „пречекорување на сексуалноста“.

 

Мишел имала, благо речено, нестандардна работна историја и пред стриптизот. Таа се приклучила на полицијата веднаш штом наполнила 18 години, работела таму 10 години, а потоа заминала во Австралија. Таму, Волтон се вработила во бар каде келнерките работат во долна облека (а понекогаш и голи). „Мојата работа беше да служам пијалоци топлес и гола. Но, никогаш немало никакво пипкање или секс, вели Мишел. „Го сакам моето тело и бев задоволна од фактот дека заработувам големи пари“.

 

Откако живеела во Австралија, Волтон се вратила во својата татковина и повторно се вработила како полицаец на островот Вајт. Овој пат работела 30 години, и била одлична полицајка. Кога се пензионирала, малку се обесхрабрила и почнала да бара некакво хоби. Хобито брзо се нашло кога се сетила на младоста во Австралија. Така почнала да учи да игра стриптиз.

Парите што Мишел Волтон ги заработува правејќи стриптиз, ги дава во добротворни цели.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *