Се распишал тендер за изградба на тунели на автопатот Кичево–Охрид (виц)
На тендерот прв се пријавил Русин:
– Нашата понуда е две милијарди евра. Ќе копаме од двете страни и гарантираме дека ќе се сретнеме на средина со најмногу пет метри разлика.
Се пријавил и Американец:
– Нашата понуда е исто две милијарди евра. И ние ќе копаме од двете страни, ама гарантираме дека ќе се сретнеме на средина со најмногу два метри разлика.
На крај дошол Македонец:
– Нашата понуда е две и пол милијарди евра. Ќе копаме од двете страни, ама не гарантираме дека ќе се сретнеме на средина.
– Па што ако не се сретнете?
– Е па, ќе имате два тунела!


Коментирај анонимно