„Се сретнавме со кралот!“- група велосипедисти имаа несекојдневна средба со кралот Чарлс, додека шетаат низ областа во која монархот бил на летен одмор

Кралот Чарлс застана и разговараше со група велосипедисти кои оделе да се прошетаат на имотот Балморал.

 

 

Монархот (74) пешачек сам на својот имот во Шкотска кога поминал покрај група планински велосипедисти кои го снимале своето патување за видео на „YouTube“.

На типичен британски начин, Чарлс разговарал со групата за времето и открил некои од неговите спомени од детството на имотот – вклучително и кампувањето со неговиот покоен татко, принцот Филип и сестрата принцезата Ана.

 

Видеото беше објавено на „YouTube“ од планинскиот велосипедист Ендрју Мекавој кој редовно го споделува својот канал на „YouTube McTrail Rider“. Ендру откри дека тој и неговите пријатели престојувале во дестилеријата Ројал Лохнагар и се упатувале кон Гелдер Шил – познат како Ернис Боти или Кралскиот Боти – засолниште што го користат планинарите и што е отворено за јавноста.

На прашањето дали се уште е на летен одмор, Чарлс одговорил: „Да. Прекрасно е овде горе“.

Тој додал дека му се допаѓа пешачењето затоа што е „добро за душата“ и покрај разочарувачки краткото шкотско лето оваа година.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *