Седум деца беа вратени од мртвите откако починаа при несреќа на училишен излет

Седум тинејџери биле неверојатно „вратени од мртвите“, иако нивните срца престанале да чукаат со часови откако паднале во леден фјорд.

Во февруари 2011 година, група ученици се качиле во чамец за време на училишен излет во водите северно од Престо, Данска.

Во 11 часот, 13 ученици и двајца наставници испловиле, но само 20 минути подоцна, силен ветер го превртел чамецот, фрлајќи ги сите во водата, која била со температура од само 2°C.

Бидејќи биле стотици метри далеку од копното и без никаков начин да повикаат помош, настанала паника додека хипотермијата брзо почнала да делува.

 

„Мислев дека ќе умрам“

Во документарецот на BBC од 2019 година, седумтемина преживеани, кои биле чудесно оживеани по неколку часа, го раскажале своето искуство.

„Беше толку ладно, беше страшно замрзнувачки“, раскажува Катрине, која тогаш имала 16 години. „Имаше мраз на водата.“

Нејзиниот соученик Каспер додаде: „Времето беше ужасно. Дуеше силен ветер. Чамецот се преврте среде морето, сите паднаа во водата.“

 

Сите вриштеле кога чамецот се превртел, а Катрине дури завршила под него.

„Кога излегов од водата, започна кошмарот“, вели таа. „Сè беше како нереално. Се гледаше само паника.“

Еден од наставниците рекол дека мора да почнат да пливаат кон брегот, бидејќи во спротивно ќе умрат.

„Беше многу тешко, затоа што немавме сила во нозете. Постојано тонев. И тогаш си помислив: ‘Океј, сега ќе умрам.’“

Но, тогаш таа здогледала маж на брегот. „Фала му на Бога за тоа. Кога го видов, почнав да вриштам толку гласно.“

Катрине успеала да стигне до копното, но Каспер немал таква среќа.

„Не можев да пливам“, вели тој. „Еден од другарите се обиде да ми помогне, но за кратко време клинички починав поради температурата на водата.“

Судбоносната трка со времето

Во меѓувреме, еден од учениците успеал да стигне до копното и изодел цел километар за да повика помош.

Д-р Стеен Барнунг, кој бил дел од спасувачкиот тим, изјавил дека веднаш полетале со хеликоптер кон местото на несреќата, каде што биле пречекани од момче кое постојано повторувало:

„Сите се мртви, сите се мртви, сите се мртви.“

Во тој момент, веќе биле поминати два часа откако срцата на децата престанале да чукаат, а нивната кожа била ледено студена на допир. Но, доктор Мајкл Јегер Ванше знаел дека сè уште има шанса за нивно преживување.

„Кога некој е толку ладен, знаеме дека можеме да го оживееме. Тие се мртви, но не се вистински мртви. Сè уште имавме шанса.“

Иако екстремната хипотермија им ги запрела срцата, истовремено им го забавила метаболизмот, што значело дека нивните органи повторно ќе почнат да работат кога ќе се загреат.

 

„Сите се разбудија“

Д-р Ванше објаснил дека температурата на крвта била зголемувана за еден степен на секои 10 минути.

„Каспер се разбуди и срцето му се врати во нормален ритам при температура од 26°C. Главниот фокус потоа беше мозокот.“

Шест часа по несреќата, седумтемина ученици оживеале.

Катрине ги опишала сцените на огромна радост во болничките ходници.

„Не може да се опише чувството. Сите беа пресреќни, затоа што секој се разбуди тој ден. Родителите седеа во чекалната, а ние излеговме и почнавме да викаме и да скокаме. Сè беше исполнето со смеа и среќа, затоа што сите преживеавме.“

Каспер, гледајќи фотографија од себеси во кома изјави: „Чудно е да се гледаш себеси… речиси мртов.“

 

И покрај стравувањата дека учениците би можеле да имаат оштетувања на мозокот поради недостаток на кислород, д-р Ванше потврдил дека немало никакви оштетувања на нивните мозоци.

„И тоа е неверојатно. Ова е најголем случај во историјата каде што група на жртви на хипотермија била оживеана одеднаш – и со 100% стапка на преживување.“

 

Последици од трагедијата

Иако физички се опоравила, Катрине признава дека по трагедијата често има емотивни кризи.

„Кога ќе бидеш толку блиску до смртта, работите се менуваат. Сфаќаш што е важно, за што вреди да се бориш. Пресреќна сум што сум жива. Тоа е тешко да се објасни, затоа што бев толку блиску да го изгубам животот… но сега знам дека го имам“.

За жал, еден од наставниците, кој не носел појас за спасување, не преживеал. Неговото тело било пронајдено во водата неколку недели подоцна.

Според TV 2 East, раководството на училиштето било обвинето за убиство од небрежност.

Директорот бил осуден на 60 дена затвор и му било забрането да организира активности на вода три години. Училиштето, исто така, добило висока парична казна.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *