Шеф на годината: Директорот на фондот „Цитадел“ ги однел своите вработени со семејствата во „Дизниленд“ на приватни концерти на „Колдплеј“ и „Марун 5“

Шеф милијардер ги почести своите вработени со луксузно патување во „Дизниленд“ за да ја прослави годишнината на компанијата.

Кен Грифит, извршен директор на хеџ-фондот „Citadel LLC“ и основач на маркет-мејкерот „Citadel Securities“ однесе 1.200 вработени од неговите канцеларии во Азија Пацифик во „Дизниленд“ Токио за да ги одбележат 20-тите и 30-годишнините на двете компании.

 

 

 

 

Вработените од неговите канцеларии во Хонг Конг, Сингапур, Сиднеј, Шангај, Токио и Гуруграм беа поканети, заедно со нивните семејства да уживаат во еден ден во „Дизниленд“ Токио – и неговото одморалиште „Дизни Си“.
И деловниот тајкун, чија вредност се проценува на 40 милијарди долари, ги покрива и трошоците на сите – кои вклучуваат патување, забава и грижа за децата.

Како надополнување, милијардерот дури им обезбеди на своите среќни членови на персоналот приватни концерти на „Maroon 5“ и „Calvin Haris“.

Еднодневната пропусница до забавниот парк чини околу 70 долари, што значи дека само сметката за билети би чинела над 80.000 долари.

И ова не е прв пат Кен да го третира вака својот персонал.

 

 

„Денес, опсегот на таленти што ги собравме е едноставно зачудувачки. Создадовме не една, туку две фирми во првите редови на индустријата. Заедно, ја замисливме и изградивме иднината на финансиите“, рече тој.

Минатата година, Кен одведе 10.000 вработени и нивните семејства на тридневно патување во светот на „Волт Дизни“, вклучително и неколку поп концерти. Покрај годишнината, Кен и неговиот тим го прославуваа пазарниот успех на компанијата, и покрај тоа што многу други хеџ-фондови губат четири отсто во просек, а S&P 500 падна за 16 отсто оваа година.

Засрамувајќи ги другите газди, деловниот магнат организираше и концерти на Карли Реј Џепсен и Дипло за да го прослави успехот на неговата фирма, како и настап на еден од неговите омилени бендови – „Колдплеј“.

 

@achase98

#Citadel @coldplay most amazing party I’ve ever attended

♬ original sound – Abbey C

 

Извршниот директор се погрижил неговите гости да не гладуваат додека се забавуваат, обезбедувајќи храна и пијалоци за персоналот. Неговиот фонд управува со имот од речиси 60 милијарди долари, според „Њујорк пост“.

Видеата објавени на „TikTok“ покажуваат дека вработените носат долги фустани и потпетици додека се играат на хитовите на „Coldplay“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *