„Сега може да си јадете лук на раат“ – Докторка открива едноставен трик како да се ослободите од мирисот на лук за неколку секунди

Д-р Меган Роси откри дека јадењето јаболко е најефективниот начин да се ослободите од лошиот здив предизвикан од лукот. Ова е многу поефикасно отколку да ги четкате забите или да земате гума за џвакање.

 

„Како што лукот се вари во вашиот желудник, нуспроизводите од лукот се апсорбираат во крвотокот и се носат во белите дробови. Ова прави да мирисате на лук, а гумата за џвакање тука не може да помогне“, објасни таа во објавата на Инстаграм .

Таа наведе уште четири намирници кои можат да ви го освежат здивот, вклучувајќи нане и магдонос, како и спанаќ и зелена салата.

 

Докторката исто така препорача да се остави сечканиот лук настрана 10 минути пред да се готви со него за да може да се ослободи повеќе алицин, активна состојка која го поддржува имунолошкиот систем.

Јаболката содржат растителни хемикалии за кои е докажано дека имаат интеракција со сулфурните соединенија во лукот што го „дезодорира“ здивот и го елиминира тој мирис на лук.

Дури и без јадење на јаболкото, д-р Меган рече дека здравствените придобивки од лукот се вредни за да мирисате на него.

„Главната активна состојка е алицинот, кој го поддржува нашиот имунолошки систем да се бори против вирусите. Клиничкото испитување од 2001 година покажа дека јадењето на лук еднаш дневно ги намалува шансите за настинка и времето за опоравување. Ако го оставите лукот претходно да отстои, ќе му овозможи на алицинот целосно да се развие пред топлината од готвењето да ги деактивира ензимите“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *