Секогаш има надеж: Малото момче, чија фотографија стана вирална, излезе како победник во битката со леукемија и еве како изгледа денес

Кејтлин Бурџ, мајка на момче на кое му беше дијагностициран рак, објави фотографија на која нејзиниот син го теши неговата постара сестра за време на хемотерапија. Тоа беше пред повеќе од 2 години, а по долга, исцрпувачка, тешка битка, на малиот Бекет сега му е подобро и оди на училиште.

Се надеваме дека оваа приказна ќе им помогне на сите кои минуваат низ тешки времиња во моментов да запомнат дека секогаш има надеж.

 

Тоа било тешко време за сите.

На Бекет му била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија на 25 април 2018 година, на 2-годишна возраст. Братот и сестрата, кои се со разлика од 15 месеци, од играње дома преминаа во седење во ладна болничка соба заедно. Сестрата на Бекет, Обри, тогаш 4-годишна, го гледала нејзниот брат како се мачи да оди и да си игра.

 

Ситуацијата била тешка за сите, а тоа било целосен шок за семејството. Но, како што Кејтлин откри братот и сестрата постојано биле тука еден за друг и не се одделиле.

Поминал 35 дена без својата сестра

На сестрата Обри сето тоа и паднало многу тешко. Бекет бил и сè уште е нејзин најдобар пријател. 35-те дена што ги поминал во болница биле 35 дена што таа ги поминала без нејзиниот брат. Таа не била сигурна што се случува. Сè што знаела е дека нешто не е во ред со нејзиниот брат, нејзиниот најдобар пријател.

 

Како што некој би очекувал, работите не биле ни оддалеку лесни и едноставни за целото семејство. Кејтлин го напиша ова во натписот на сликата погоре: „Гледав мојот единствен син како поминува низ толку многу и се уште се насмевнува. Ја гледав мојата слатка Обри како поминува низ тежок период во нејзиниот живот и станува толку независна. Таа го виде својот најдобар пријател/брат во состојба која ниту еден брат или сестра не треба да ја доживее“.

Бекет „го шутна“ ракот како вистински војник

 

Со многу подеми и падови, патувањето било тешко, но Бекет победи. По цели 2 години болка, страдање и многу борби, Бекет сега е без рак и оди на училиште. Како што кажа Кејтлин, „Тој се чувствува одлично, заврши со лекувањето и се враќа на училиште, моментално во прво одделение“.

 

Неговиот последен третман бил на 8 август 2021 година. Денес Бекет има 6 години, а неговата 7-годишна сестра е сѐ уште секогаш покрај него. Братот и сестрата сè уште негуваат нераскинлива врска, која стана уште посилна за време на болеста на Бекет.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *