„Секогаш кога излегувам во ноќен клуб си носам леб со мене во чантата – обезбедувањето е збунето, но јас имам добра причина за тоа“

Студентка од Обединетото Кралство го збуни обезбедувањето во еден клуб, откако однела чанта полна со леб без глутен на нејзиното ноќно излегување.

 

 

 

„Имам навика да си земам леб“, вели 22-годишната Евелин Бартон, која е родена во Шведска, но се преселила во Велика Британија кога имала 11 години,

„Го носам во ноќни клубови или барови, доаѓа со мене цела ноќ и завршува во „Мекдоналдс околу“ 4 часот наутро“.

 

 

 

На видеото објавено на интернет се гледа како таа става неколку парчиња леб без глутен во нејзината чанта и потоа ги носи во клубот. Студентката, потоа оди во нејзиниот локален „Golden Arches“ и јаде сендвич од „Мекдоналдс“ користејќи го нејзиниот леб. Таа ја става внатрешноста од сендвичот во без глутенскиот леб.

 

 

На Бартон и била дијагностицирана целијачна болест кога имала само седум години, што значи дека не може да јаде тестенини, леб и друга храна со глутен или може да страда од оштетување на цревата и други симптоми. Поради својата алергија, Швеѓанката решила да носи свој посебен леб во чантата за да ги замени лепчињата богати со глутен, со што практично ќе и овозможи да ужива во брзата храна без да претрпи никакви несакани ефекти.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *