Секојдневните прашања на Стив Џобс што им ги поставувал на своите вработени, а биле од суштинско значење за да создаде врвен тим

Стив Џобс останува една од најиконските личности во технолошката индустрија, човекот кој го постави „Apple“ на врвот. Компанијата денес е меѓу најпознатите брендови во светот, а популарноста на iPhone е доказ за тоа.

 

 

 

Џобс беше познат по своите неконвенционални методи при вработување, вклучувајќи ја и таканаречената „метода со пиво“. Сепак, една од неговите најкарактеристични навики беше секојдневното прашање до Џони Ајв, поранешниот главен дизајнер на „Apple“: „Колку пати кажа „не“ денес?“

Џобс веруваше дека одбивањето на непотребни обврски создава фокус. Оваа филозофија ја споделуваат и други успешни луѓе, како инвеститорот Ворен Бафет, кој истакнал дека „разликата помеѓу успешни и навистина успешни луѓе е во тоа што вторите кажуваат „не“ на речиси сè.“

За Џобс, приоритет беше завршувањето на најважните задачи пред да се премине на следните. Неговата посветеност на совршенството се рефлектираше и во начинот на кој ги избираше новите вработени. За време на интервјуата, ги покануваше кандидатите на прошетка или на пиво за да ја намали тензијата и да ги запознае на поопуштен начин. Прашањата беа едноставни, како „Што направи минатото лето?“ или „Кога последен пат постигна нешто значајно?“

 

 

Целта не беше да добие точен одговор, туку да го разбере начинот на размислување на кандидатите. Тој веруваше дека собирањето тим од врвни професионалци води до подобри резултати, бидејќи „врвните професионалци сакаат да работат заедно, затоа што ретко имале таква можност“.

Методите на Џобс можеби беа неконвенционални, но резултатите зборуваат сами за себе – „Apple“ останува една од најуспешните компании во последните две децении.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *