Селфи со мече заврши со смрт: Италијанец убиен од мечка во Романија
Омар Фаранг Зин, италијански моторџија-патник, трагично го загуби својот живот во романските Карпати кога се обиде да направи селфи со мече. По неколку објави на социјалните мрежи со голема мечка крај него, Омар стана жртва на напад што го шокираше регионот и светот.
Содржина:
- Трагедија на Карпатите: Мечка го нападна Омар и го одвлече во провалија
- Фатална блискост: Слики и видеа со мечки преходеа на нападот
- Сè повеќе жртви од мечки во Романија – речиси 30 загинати за дваесет години
- Човекот против природата: Загрозени животи поради човечко однесување и намалување на хабитатите
Трагедија на Карпатите: Мечка го нападна Омар и го одвлече во провалија
Пред да продолжи со патувањето Омар сподели селфи со мече, насмеан не насетувајќи за опасноста што следува. Следниот ден, додека возел мотор, бил нападнат од мечката, која го одвлекла во провалија каде бил пронајден мртов по едночасовна потрага од страна на полицијата и спасителните служби.
Само ден пред трагедијата, Омар јавно објави фотографии и видео од блиска средба со мечка која стои веднаш покрај него. Во едно видео се слуша како вели: „Еве ја мечката! Колку е убава. Доаѓа кон мене…“ – зборови што сега добиваат морничаво значење.
Сè повеќе жртви од мечки во Романија – речиси 30 загинати за дваесет години
Ова не е изолиран случај во Романија. Лани беше убиена и млада планинарка од мечка, а според Министерството за животна средина, речиси 30 луѓе се загинати од мечки за последниве две децении. Во државата живеат помеѓу 10.000 и 13.000 кафеави мечки и се чести напади врз луѓе и стока.
Експертите велат дека зголемените напади се резултат на човечкото однесување – хранење мечки, селфија, а и намалување на нивните природни хабитати поради градба, сечење и климатски промени. Животните честопати доаѓаат во близина на градовите поради отпад и храна, а превентивните мерки се недоволни, предупредуваат стручњаците.
Пред 25 години бев туристички случајно во Брашов, Романија. До градот има планина на која зиме се скија, а лете се шета, се возат велосипеди и сл. На средина планина има ресторан (нешто како на Средно Водно во Скопје) и со тамошно друштво јадевме нивен специјалитет: на кружна дрвена тацна, месо од дива свиња, мечка и елен!
П.С. Имав еден бивш колега со седа коса. Во еден неврзан разговор ми кажа дека косата му била црна, но во шума сретнал мечка и од страв му побелела (среќа ја избркал со викање и мавтање со гранка).
Коментирај анонимно