Семејство во шок откако пронашло арсенал оружје во река во Лондон, меѓу кои и израелски митралез!

32 годишниот Рајан Бол од Лондон, бил на прошетка со своите три деца и нивните пријатели покрај брегот на реката во Линеар парк, во јужниот дел од Лондон. Тие таму често се капеле за да се разладат. Кога одеднаш пријателот на неговиот син нагазил предмет додека пливал во реката. Момчето го извлекол предметот од реката, изненадено видело дека тоа е пиштол без муниција.

Продолжиле да пливаат и така љубопитните Британци успеале да најдат складиште од 11 пиштоли, меѓу кои бил и израелски митралез Узи и револвер. Пронајдени се и демонтирани пиштоли, предмети опишани во публикацијата како „потенцијално експлозивни“.

Оружјето и муницијата се однесени во Полиција. Кој и кога решил да се ослободи од оружје на овој начин, сега треба да откријат органите на редот. А семејството посакува ова да е само лош сон.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *