Шерон Стоун и на 64 години зрачи со сексапил, појавувајќи се во ведар комбинезон на машка модна ревија
Шерон Стоун пристигна на машката ревија на високата мода на Долче и Габана во Сиракуза, Италија во неделата, во висок стил.
64-годишната актерка ги поздравуваше обожавателите додека пристигнуваше на настанот во светол комбинезон. Облеката која ѝ ја гушкаше фигурата имаше црно ременче по должината на половината, додека ѕвездата од Basic Instict носеше и градник со сребрени светки.

Филмската ѕвезда се огласи на Инстаграм пред настанот и сподели снимка од себе како го напушта хотелот додека ја покажува својата облека.

Појавувањето пред јавноста доаѓа откако Шерон неодамна за прв пат проговори за претрпените девет спонтани абортуси додека ја сподели нејзината болка дека „нема форум за дискусија за длабоката загуба“. Таа се отвори за неуспешните бремености со нејзиниот сопруг Макс Чмерковски.

По нејзиното скршено срце поради спонтаните абортуси, Шерон посвои три сина, Роан (22), Лерд (16) и Квин (15).

„Ние, како жени, немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба. Изгубив девет деца поради спонтан абортус.“, изјавила таа. „Тоа не е мала работа, ниту физички ниту емотивно“, продолжи ѕвездата – која има три сина преку посвојување.
„Сепак, ние сме натерани да чувствуваме дека е нешто што треба да го поднесеме сами и тајно со некакво чувство на неуспех. Наместо да го добиеме толку потребното сочувство, емпатија и исцелување што ни треба.“

Шерон имаше неколку спонтани абортуси за време на нејзиниот брак со поранешниот сопруг Фил Бронштајн – со кого беше од 1998 година до нивниот развод во 2004 година – и изјави за Women’s Hour дека има „ревматоиден фактор поврзан со лупус“ што ѝ отежнува да го носи плодот до крајот на бременоста.

Коментирај анонимно