Силен земјотрес од 6,2 степени го погоди Истанбул: Граѓаните во паника бегаа од зградите, а водителка во живо шокирано се обидуваше да се задржи додека се тресеше студиото

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и околните подрачја, предизвикувајќи паника меѓу граѓаните. Потресот, со епицентар кај Силиври на околу 80 километри западно од градот, се почувствува и во Македонија, Грција, Бугарија и Романија. Зградите се тресеа, а луѓето трчаа надвор на улица во страв. Иако нема пријавени урнати згради, над 150 лица се повредени – повеќето откако скокнале од балкони и прозорци. Земјотресот траел околу 30 секунди и бил проследен со над 50 афтершокови, од кои најсилниот бил со јачина од 5,3 степени. Службите апелираат граѓаните да не влегуваат во можеби оштетени објекти. Земјотресот предизвика застои во сообраќајот, но за среќа, досега нема информации за сериозни материјални штети. Случајот повторно ја отвори дебатата за ризикот од разорен земјотрес во Истанбул, град со над 16 милиони жители, каде стручњаците веќе подолго време предупредуваат на можна катастрофа до 2030 година.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *