Силниот Чак Норис се покажа на дело! Се откажал од кариерата за да ја чува смртно болната жена! Нејзиното здравје се пореметило поради една инјекција!

Легендарниот и сензационален Чак Норис откако служеше во воздухопловните сили на Соединетите Држави, почна да се издигнува на скалата на славата како боречки уметник и актер. Како резултат на неговиот имиџ на „цврст дечко“ во 2005 започна феноменот на Интернет, познат како „Факти за Чак Норис“, припишувајќи разни неверојатни, па дури и невозможни подвизи на Норис.

 

Чак Норис ја запознал својата сопруга Џена О’Кели во 1997 година и отогаш тие се заедно. Тие имаат две деца. Но пред околу една деценија целиот нивни живот се преврте наопаку.

 

Џена О’Кели отишла да направи магнетна резонанца бидејќи имала некои проблеми и требало да откријат дали можеби има ревматоиден артритис. Постапката била рутинска, но требало да се вбризга боја во организмот за да се создаде контраст во нејзините органи и тоа ќе создаде јасна слика доколку има некакви неправилности. Првично била загрижена дали контрастното средство е безбедно или не. Но сепак го направила тоа што треба и веднаш по инјекцијата таа се почувствувала лошо. Нешто на нејзиното тело изгледало „исклучено“. Но, тогаш нејзиното здравје почнало да се распаѓа кога таа почнала да чувствува „екстремно печење“ во телото. Го почувствувала печењето од глава до пети.

„Во рок од неколку часа по инекцијата, се чувствував како целото тело да ми гори – како киселина да ми е помината низ него. Горењето на почетокот беше изолирано, но продолжи да се шири“. – објасни таа.

 

 

Како што болката се влошувала, сопругата на Чак Норис почнала да доживува и други здравствени нарушувања. Од тој момент Џена страда од проблеми со бубрезите и нервни болки. Тие веруваат дека таа некако била отруена со хемикалија која и била инјектирана повеќе пати за време на магнетна резонанца. Нејзините болести варираат, како што се губење на меморијата, оштетување на говорот и тремор. Нејзиниот живот почнал да виси на конец.

 

 

Кога Чак сфатил колку здравјето на Џена почнало да се влошува, го направи она што би го направил секој посветен сопруг. Тој направи чекор назад од кариерата и го напушти Холивуд. Потоа ја најде најдобрата можна грижа и ја однесе Гена во Невада да се лекува. Тие потрошиле околу 2 милиони долари за третмани.

„Се откажав од мојата филмска кариера за да се концентрирам на Џена, целиот мој живот во моментов е да ја одржувам во живот“ – изјави Чак Норис.

 

 

За време на нејзината медицинска криза, Чак Норис никогаш не ја напуштил својата сопруга. Тој бил толку посветен на нејзиното закрепнување што спиел на каучот покрај нејзиниот кревет за да се погрижи да има сè што и треба.

Иако Чак Норис го напушти Холивуд за да се грижи за својата сопруга, тој на крајот успешно се врати на работа и брзо се најде во неколку реклами. Но, неговата сопруга и семејството остануваат негов приоритет број еден. Исто така е и подигањето на свеста за потенцијалните опасности од контрастната боја.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.