Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите (видео)
Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти.
Според информациите од Доброволното противпожарно друштво „Дојран”, кои први излегоа на теренот да интервенираат, големи дрвја се паднати во градскиот парк, како и на игралиштето со справи за вежбање кое пред неколку години го направи Агенцијата за млади и спорт. Паднати дрвја имало и кај детскиот рингишпил на шеталиштето, кај хотелот „Романтик”, пицеријата „Вавилон”, на главниот пат поради што извесен период патот бил прооден само во една сообраќајна лента, а неколку часови во прекин била и електричната енергија од безбедносни причини.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно