Силно невреме во Србија ги поплави улиците во Смедерево, наталоженото ѓубре плута низ градот

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд и олуен ветер зафати повеќе делови од Србија, предизвикувајќи поплавени сообраќајници и сериозен колапс во сообраќајот. Во Смедерево состојбата прерасна во еколошка криза кога поројните води се споија со преполнетите контејнери, па купишта комунален отпад почнаа да се движат низ градските улици.

Силно невреме во Србија ги поплави улиците во Смедерево, наталоженото ѓубре плута низ градот

Со денови не се собирал отпадот поради затворањето на депониите

Дополнителен и огромен проблем за градот е натрупаниот комунален отпад, кој со денови воопшто не се собираше поради сериозни проблеми со неговото одлагање и затворањето на депониите. Така Смедерево се соочи со драматичен двоен хаос: сообраќајници под вода и десетици тони ѓубре разлеани низ станбените зони.

Со денови не се собирал отпадот поради затворањето на депониите

РХМЗ предупреди на 30 до 50 литри дожд на квадратен метар

Српскиот Републички хидрометеоролошки завод претходно издаде највисок степен на предупредување за обилни врнежи во повеќе делови од земјата. На одделни критични точки количината на дожд била и значително поголема, што дополнително го зголеми притисокот врз градската инфраструктура.

Реки од кал, вода и пластика го запреа движењето низ градот

Обилните води ја преоптоварија атмосферската канализација, која не можеше да го прими огромниот прилив. Автомобилите и пешаците се движеа со тешкотии, додека локалните жители стравуваат од ширење инфекции и бараат итна реакција од комуналните служби за дезинфекција и расчистување на теренот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *