Шимпанзо стана интернет сензација поради својот уметнички талент и дела чија цена може да достигне и до 1000 долари!

Лимбани, шестгодишно шимпанзо кое живее во Мајами, стана интернет сензација со своите уметнички дела кои се продаваат за 1.000 долари.
Тој има преку 700.000 следбеници на „Инстаграм“ и сака да ја покажува својата работа покрај неговите вештини за скејтборд.

Младото шимпанзо првично беше отфрлено од неговата мајка како доенче, откако страдало од пневмонија. Сега животното ја смета Фондацијата за зоолошки диви животни во Мајами за свој дом.

Покажувајќи страст за уметност и сликарство, Лимбани, што значи „силно“ на свахили јазик, го доби прекарот Чимпкасо од основачите на Фондацијата за диви животни, Марио и Марија Табрауе.

„Постојано се восхитувам на љубопитноста што ја има Лимбани за правење уметност и страста што ја покажува, сè до изборот на боја што ја користи, навистина покажува колку е зрел на шест години“, рече Марио.

Марија вели дека сликарството му овозможило да ги активира сетилата и било огромен фактор во неговиот развој.

Делата на талентираниот уметник може да ги чинат колекционерите и до 1.000 долари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Pero напиша:

    treba moj komentar??? 😀 😀 😀
    zemi brcni gi racete vo boja, i shlakaj si kako sakas, i ete ti umetnicko delo…
    ABRE MAJMUNI PRAVAT OD VAS, EBAVE DEGENERICITE, KE DAVA 1000 DOLARI ZA SHLAKANICI. EBAVE DEGENERICITE

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Pero Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *