Симулација објаснува што точно му се случило на девојчето, коешто пред 10 години скокна со падобран и откако тој се заплеткал, преживеа пад од 914 метри
Шокантна симулација ја прикажува страшната несреќа на 16-годишната Макензи Ветингтон од Тексас, која преживеала пад од 914 метри, откако нејзиниот падобран не се отворил правилно.
Макензи долго посакувала да скока со падобран, а на 25 јануари 2014 година, нејзиниот сон требало да се оствари со „Пегасус Ер Спортс Центар“ во Оклахома. Но, наместо авантура, ја доживеала најголемата ноќна мора.
При скокот, падобранот се отворил, но се заплеткал, поради што таа почнала да се врти неконтролирано. Се обидела да ја исправи ситуацијата, но ветерот бил пресилен. Последното нешто што го памети е стравот, а потоа изгубила свест.
Нејзините повреди биле страшни – скршеници на рбетот, ребрата, клучната коска и карлицата, крварење во мозокот, оштетени внатрешни органи и изгубен заб. По несреќата, таа покренала тужба за небрежност против сопственикот на „Пегасус Ер Спортс“, Роберт Свенсон.
Свенсон тврдел дека таа не ги следела инструкциите и дека паниката довела до несреќата, но судијата пресудил во нејзина корист, наведувајќи дека добила неадекватна обука и дека ѝ бил обезбеден падобран несоодветен за нејзината возраст и искуство. Судот ѝ додели 760.000 долари отштета.
И покрај тоа што пет месеци по несреќата повторно проодела, последиците останале – ПТСН, панични напади, несоница, главоболки и проблеми со меморијата. Сепак, во 2020 година објави дека дипломирала медицина и добила награда за извонреден студент, велејќи: „Благодарна сум за оваа втора шанса во животот. Ќе продолжам да им служам на другите“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно