„Син ми се срами од мене, па се одлучив да ја вратам услугата и да го осети тоа на своја кожа, но сестра ми збесна дека не сум требала“
Воспитувањето тинејџер може да биде предизвик што ги излудува некои родители. Еден ден имаш малечко во раце, а другиот ден ќе се најдеш со младо момче кое повеќе не сака да се гледа околу тебе. Токму тоа му се случи на овој родител. Таа беше уморна од гледањето на нејзиниот син како се срами од неа и реши да се обрати на социјалните мрежи за совет како да се справи со овој проблем.
„Мојот 14 годишен син почна да се срами од мене и татко му пред отприлика 2 години. Мислевме дека е само фаза, но стана се полошо и полошо. Ние сме нормални луѓе и родители, но ќе помислите дека сме некои чудаци поради начинот на кој нѐ третира тој. Тој ни кажува работи како „Не доаѓајте да ме гледате на натпреварот“, „Не ме оставај пред врата за сите да видат“ и „Ќе одам пред вас во трговскиот за луѓето да не мислат дека сме дојдени заедно“. Ова се само примери. Тој е супер и добар кога ќе му купиме нешто што сака, но деновиве се однесува како ние да сме ѓубре.
Пред неколку дена, возев 40 минути за да го соберам од училишен настан и ме натера да го чекам една улица подолу. Кога ме виде, имаше наоколу и деца, одеднаш се вцрвени и застана. Чекаше децата да поминат и тогаш влезе во автомобилот, се спушти долу на седиштето и рече „Вози“. Му кажав како сето ова ни прави да е чувствуваме, но не му е гајле. Но ни дојде преку глава.
Таа вечер требаше да му купиме нова маица за еден училишен настан и додека возев накај продавницата му реков „Спушти се на седиштето, да не те видат“ и му ја турнав главата надолу. Потоа му кажав дека мислев дека личноста со која се разминував беше пријател од факултет и не сакав да ме види со него. Кога ме праша зошто, му реков затоа што се срамам од него. Кога стигнавме, јас побрзав за да одам пред него. Син ми се затрча да ме стигне, а јас му реков да биде неколку чекори позади мене во случај ако се сретнам со некого што го знам. Сфати што правам. Потоа го прашав какво е чувството да бидеш третиран така и тој рече „Не е добро“.
Следното утро отидовме до автобуската станица за да му купам месечна карта затоа што му кажав дека не сакам повеќе да бидам видена во автомобилот со него и од сега ќе треба да оди со автобус. Му кажав колку се нервирам и дека воопшто треба да одам со него за да извадиме месечна карта и дека бев загрижена како ќе ме прецепира тој на шалтер (кој не го ни познавав) кога ќе ме види со него. Потоа му реков да стои понастрана и да не зборува. Мислам дека ја сфаќа поентата, но не сум сигурна дали доволно.
Ѝ кажав на сестра ми за ова и таа збесна. Таа мисли дека треба да го разберам во оваа фаза и дека ќе му помине. Но јас мислам дека доволно трпев, поминаа 2 години и оваа фаза се претвори во навика. Што мислите вие?“
Da ne sme vo vasata koza .Ama mislam DEKA ispravno postapuvate
Po moe,Jas mislam deka ova e bezobrazluk i deka ne treba decata da se odnesuvaat taka zašto se dodeka se vo domot od roditelite nivniot zbor da e posleden a decata da se ponizni i poslušni
Мислам добар е примерот на постапката 🙂 не е лесно ама треба о полошо као пример ако сала 50 денари за бурек нека мие садови по казна.
Сосема исправно сте постапиле, и ние сме биле тинејџери зарем сме смееле така да постапуваме. Воспитувањето било ќотекот
Потполно исправно сте постапиле,за да му дадете до знаење дека не постапува шравилно.Тоа однесување од негова страна е за осудување,а не за попуштање и допуштање.Доволно сте допуштале две години размислувајќи дека е период.Подршка и навистина добро сте постапиле.
Браво за Вашата постапка, бидете во надеж дека ,,фазата,, ќе помине поскоро од колку очекувате, добра лекција, браво
Vi se voshituvam na hrabrosta, bidejki 80% od decata isto postapuvat, a nie kako roditeli se tesime so zborovite:
” period e ke pomine”. No segasnite deca nemat straho pocit kon vozrasni.
нетреба да го ставате вашето его пред вашиот син. може озбилно да зажалите за тоа. Денешните тинејџери имаат многу поразличен однос кон секојдневието од вашите (нашите) свакања и токови. повеке работете на тоа да му внесете самодоверба (која очигледно многу му недостасува) отколку да му вракате на односот со иста мерка. Помалку следете политика тоа многу влијае на вашиот однос кон вашето дете. поздрав
Jas mislam deka i treba psiholog, ima potreba da raboti na samodoverba. Prevzemete merki dur ne e kasno..
А зошто сите Вие, што коментиравте погоре, се обраќате на госпоѓата од приказната?
Ова е преземен текст и дејствието се случило некаде далеку па госпоѓата нема шанси да го прочита вашиот коментар!
не е важно дали госпогата ке прочита…ке прочитаат други мајки кои имаат сличен проблем…знаете понекогаш една капка може да го промени светот…
Pravilno si postapila,i jas ke go napraviam istoto.
Pravilno si postapila,i jas ke go napraviam istoto.
Mozebi ne e toa da misli za vas kako neprikladni kolku sto e toj mozebi maltretiran od drustvoto i ne saka vie da znajte
Да, и со Вас се сложувам, но
мислам во овој случај мајката
не избрзала, и преку соодветни
Примери практично и одлично
педагошки исправно постапила
Dobro ste napravile,no sepak obratete se vo ucilisteto do psiholog. Tie ke razgovaraat so nego,
Jas za 40 god. vo obrazovanie mozam
Slobodno edna vistina da kazam:
Ne naidov na solidni, revnosni i
Angazirani psiholozi, pedagozi i
defektolozi, a sega Duri izmislija i
sociolozi! Se e toa, KLATI vrata
zemaj plata! Cest na izuzetcite koi
mozete na PRSTI da gi izbroite!
Majkata sama si go resila ili se obidela
problemot. So klasniot ke razgovara
Za drugi problemi, preku drugarcinja…
Ako otkrie, pretpostavi, Krivi se i nastavnickite, direktorot i site sluzi!!!
Za ovaa rabota so deca, treba i ljubov
trpenie i zivci! A kaj nas odednas sekoj e ucitel, sekoj doktor, sekoj sudija ili politicari… Do koga?
Samo dobar kutek kako nas sto ne tepaa po ulica so papuci aj dosta so raspuzdeni razgaleni deca
Bidejki sum vas “brat” ke recham samo ova, ne sum zadovolen od vashata reakcija, no bidejki se raboti za maloletnik, ne mozham da recham, trebalo da go izbrkate od doma!!! Ps. Ovde, kaj shto sum, deca na 12 godini rabotat za da si kupat sladoled!!!, a posle 18, plakaat kirija kaj sopstvenite roditeli!!!
Poveketo mladi se takvi se sramuvaat od roditelite, babite tetki te, za da ne gi zafrkavaat soucenicite od ODDELENIE to pa zatoa taka se odnesuvaat, majkata pravilna postapila, toa go ima ne samo. Vo stranstvo i kaj nas
Jas mislam deka so toa dete treba razgovor od strana na rodelite so deteto razgovor shto ke vodi kon toa da se razbudi so mozokot deka tia sto go pravi nee dobro znaci dialog dijalog samo toe resenieto
Коментирај анонимно