„Сингл сум шест години затоа што сум многу привлечна за да излегувам, мажите ми откажуваат состаноци во последен момет затоа што се исплашени од мојот добар изглед“

41-годишната Ширли Розмари Флин од Бирмингем, вели дека луѓето ја нарекуваат „арогантна“ затоа што таа кажува дека мажите се плашат да излезат со неа поради нејзиниот изглед.

Таа тврди дека потенцијалните додворувачи го откажуваат состанокот во последен момент – велејќи дека мажите се „исплашени“ од тоа колку е привлечна.

 

Но, за жал проблемот не е само со мажите. Туку таа се бори да стекнува и пријателки бидејќи жените ѝ „завидуваат“ на нејзиниот изглед и се несигурни.

Но, и покрај нејзините борби за состанување, Ширли сега добила неколку понуди за брак.

„Ме преплавија пораки од мажи кои ме прашуваат за состанок, па дури и предлози за брак и понуди во странство“, рече моделот на OnlyFans.

Се надеваме дека нема и тие во последен момент да откажат…

 

„Луѓето мислат дека сум арогантна и полна со себе и затоа не сакаат да излегуваат со мене. Мислев дека е смешно. Се чини дека е главно од средовечни или постари жени – бидејќи очигледно тие се несигурни. Убава самоуверена жена нема да реагира на такво нешто, тие ќе се смеат и ќе продолжат понатаму“.

 

А па на сета таа мака нејзиниот добар изглед предизвикувал проблеми со поранешните момчиња кои би биле љубоморни кога таа ќе привлече внимание од други мажи. И таа вели дека не се откажала од надежта да го најде вистинскиот – надевајќи се дека ќе сретне некој што може да одговори на предизвикот.

Таа се надева дека ќе ги инспирира жените да се чувствуваат посигурни во себе – охрабрувајќи ги да не се споредуваат со други жени.

 

„Имав многу мажи кои ме прашуваа за состаноци и брак на мојот Инстаграм и Фејсбук – бев прилично изненадена. Мислам дека ако сите жени се чувствуваат сигурни и би можеле да се погледнат во огледало и да си кажат „самоуверена сум, убава и секси“, немаше да се караат една со друга. Многу жени со плус големина мислат дека нема да привлечат внимание од мажите – но јас добивам повеќе внимание сега отколку кога бев послаба. Наместо да гледам други жени и да споредувам, јас не го правам тоа – има жени помлади, послаби, поубави од мене. Но, јас не се споредувам со нив, туку ги оценувам.“ рече Ширли.