Синот им кажува на родителите за неговата вереница (виц)

– Мамо… тато… да ви ја претставам мојата вереница! Се вика Светлана.
Што да ви кажам за неа… Пие, пуши, се дрогира по малку, кога ќе ја доведам да се запознаете да знаете дека лесно избувнува и ако стане хистерична, не грижете се ќе ѝ помине за некоја минута. Но, јас ја сакам и во името на љубовта сум подготвен да ѝ ги простам тие неколку ситни недостатоци. Како ви се чини? А? Зошто молчите?
– Боже мој, сине! Кажи ни дека се зафркаваш!
– Ха, ха, ха! Секако дека се зафркавам! За толку прост ли ме сметате?! Од каде на каде јас да се фатам со некој што се вика Светлана. Името ѝ е Марко.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *