Сиромашна Индијка отишла во шумата по дрва и пронашла богатство вредно 25.000 долари

Џенда Баи собирала огревно дрво во близината на своето село во индиската држава Мадја Прадеш. Таа го продавала дрвото за да заработи пари за своето семејство. Наеднаш таа забележала сјаен проѕирен камен во шумата, го зела и истрчала дома за да му каже на сопругот за пронајдокот. Парот не можел да препознае дали се работи за скапоцен камен, па се обратиле до локалниот златар Анупам Синг.

Златарот бил изненаден кога видел дека се работи за 4 каратен дијамант вреден 25.000 долари. Семејството планира да го стави дијамантот на аукција и се надева дека парите од продажбата ќе им решат дел финансиските проблеми. Жената има четири сина и две ќерки кои се пред брак. Со приходите од дијамантот, таа сака да ја реновира куќата и да направи свадби за своите ќерки.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *