„Сиромашните гледаат парична казна, но јас гледам ВИП паркинг“ – Милионер кој заработува 100.000 евра месечно ќе ви открие еден трик за паркирање

Лук Десмарис (27) од Челмсфорд, Есекс, инсистира дека заработува повеќе од 100.000 евра месечно преку тргување на берзата, па затоа претпочита да „заштеди време“ отколку да најде овластено место за паркирање.

Контроверзното видео прикажува два клипови од Лук како лежерно оди кон неговото БМВ М4 од 90.000 фунти  кое е паркирано на место каде што е забранет паркинг. На неговата шофершајбна може да се видат жолти известувања за фиксни пенали, но гласот објаснува „сиромашните луѓе гледаат парична казна, но јас гледам ВИП паркинг“.

 

Лук оттогаш тврди дека платил повеќе од 7.000 евра казни за паркирање во последните 12 месеци,  имал отприлика 100 казни изминатата година, но тој инсистира дека не му е грижа бидејќи неговиот успех значи „парите не се важни“.

Тврди дека поседува дом од 1,5 милиони фунти и го оправда ова „трик“ паркирање со објаснување дека паркирањето во Лондон е ноќна мора и неговото време е вредно, па се додека не нанесува никому штета, ќе прави што сака.

Лук рече: „Го гледам тоа како заштеда на моето време, а моето време е вредно. Тоа е практичноста на тоа. Тоа значи дека можам побрзо да си одам дома за да се вратам на берзата. Тоа е мојата логика. Го правам тоа кога одам на шопинг, особено во Лондон. Само го паркирам надвор бидејќи барањето паркинг може да биде кошмар. Почнав да добивам казни, но не е важно, парите не се важни“.

 

„Навистина немам што да им кажам на критичарите. Ќе правам што сакам. Не правам непријатности никому. Не блокирам ништо и не правам ништо погрешно, освен што според правилата не смеете да паркирате таму. Во моите очи не правам ништо лошо“.

Тој сфатил дека споделувањето на неговиот трик може да стане вирално поради неговата контроверзна природа, па еден пријател го снимил и тој го објавил подоцна истиот ден.

Видеото, со едноставен натпис „ВИП паркинг“, привлече повеќе од 1.300 коментари, а корисниците се поделени околу тоа дали тоа е одлична идеја или дали треба да биде казнет уште повеќе.

 

 

Еден коментираше: „Ова е причината зошто казните треба да бидат пропорционални на она што го заработувате или по автомобил. 30 фунти за Форд, 3 илјади фунти за Ферари“.

Друг рече: „Треба да добие три поени за казните за паркирање“.

Сепак, некои корисници на ТикТок го поддржаа неговиот трик, при што многумина тврдат дека го прават истото.

Еден рече: „Во центарот на Лондон е поевтино да се добие казна за паркирање отколку да се плати за паркинг место за тој ден“.

Еден се согласи: „Јас сум постар од тебе и со години ги гледам работите исто како тебе – не можам да се согласам повеќе“.

Корпорацијата „Сити оф Лондон“, која е управно тело на Градот Лондон, вели дека казните за паркирање обично се 130 фунти, но се намалуваат на 65 фунти доколку се платат во рок од 14 дена од нивното издавање.