Системот на вредности на Македонецот (виц со многу вистина во него)

1. Децата да му бидат добро.
2. Да има сопствен имот.
3. Да јаде до пукнување.
4. Да пие до несвест.
5. Да не работи повеќе од еден час дневно, зашто од работа боли грбот.
6. Да е снаодлив.
7. Да е газда на нешто. Што и да е.
8. Да може да си купи нешто што комшијата не може.
9. Децата да не му се мотаат низ нозе, зошто е нервозен.
10. Да навреди некоја позната личност на Фејсбук.
11. Да не го нарекуваат селанец. Што ако е од село?
12. Секогаш да поминува евтино и да фати нешто на промоција.
13. Да има минимум 200 слободни дена годишно.
14. Секое лето да одмара “у Грчка”.
15. Да ги брои парите на богатите во глава и да ги пцуе.
16. Во секој ресторан да седи во ВИП делот.
17. Да ги мрази сите комшии.
18. Да се тужи со роднините за наследен имот. Не дека му треба, ама многу мрази да го прават будала.
19. Секој ден да си заминува барем пола час пред крајот на работното време, бидејќи “има нешто итно да заврши”.
20. Да вози кола со мотор над 1000 коњски сили што троши под 5 на 100.

  • Македонец Горд напиша:

    Македонија на Македонците !!!
    На кого не му одговара чаооо ….

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *