Сите ја знаат Грета Тунберг, но малкумина знаат што работи нејзината сестра – климатските промени воопшто не ја интересираат

Две сестри, две различни цели.
Помладата сестра на шведската активистка Грета Тунберг, позната по чистиот јавен имиџ и борбата за климатски прашања, гради свое име на сцена, со драматични балади и впечатливи настапи.
MonaLisa, позната и како Bea, има 20 години и не се претставува како сенка на постарата сестра. Во виртуелен разговор со Interview Magazine, таа јасно покажа дека нејзината приказна се движи по сосема друга патека.

Сите ја знаат Грета Тунберг, но малкумина знаат што работи нејзината сестра - климатските промени воопшто не ја интересираат

„Родена сум со тоа. Од баба ми Mona и прабаба ми Lisa е“

Нејзиното име не е сценски трик. Beata MonaLisa објаснила дека MonaLisa навистина е дел од нејзиното лично име.
„Родена сум со тоа. Од баба ми Mona и прабаба ми Lisa е“, изјави таа.
За неа, сцената почнала рано. Таа е опишана како мултиталентирана дваесетгодишна уметница која е „самоука“, со вокални способности на џез пејачка двојно постара од неа. Во интервjуто отворено раскажала дека танцува од времето кога можела да оди, а пее од седумгодишна возраст.

„Настапував во училишни претстави и сите мислеа дека сум досадна“

Нејзината рана љубов кон настапувањето не поминала лесно. Според неа, резултатот бил дека била „малтретирана од сите“.
„Настапував во училишни претстави и сите мислеа дека сум досадна“, признава таа.
Наместо да се повлече, продолжила да пее, танцува и да ја гради својата сценска појава. Нејзината понова преработка на француската песна од 1949 година „Hymne à l’amour“ од Édith Piaf била доволна да ја изненади публиката додека се чека нејзиниот деби-албум.

„Про-квир, анти-мачо“ албумот го пишува од својата 13-та година

Албумот е опишан како „Про-квир, анти-мачо“. Во времето на интервjуто, Bea откри дека е при крај и дека работи на него уште од 13 години, пишуваjќи ја секоја песна сама.
„Постојано се враќам и менувам работи. Има девет песни, седум се завршени… Албумот е за слободата на идентитетот и за зајакнување на жените“, посочи дваесетгодишната уметница, која е опишана како „геј икона“.
Таа сака светска слава, но за неа има нешто поважно од тоа да биде препознаена насекаде.

„Не сум одговорна за животите на другите луѓе“

Кога беше прашана за нејзината сестра, активистката Грета Тунберг, Bea мирно го одби разговорот.
„Не сум одговорна за животите на другите луѓе“, одговори таа.
Иако нивните животни цели се очигледно различни, Bea има јасно чувство за тоа што значи успех.
„Можеби тоа е чувство. Можеш да бидеш светски познат и да не се чувствуваш прифатен, или можеш да имаш мала база на обожаватели и да се чувствуваш многу успешен.“
Како и нејзината сестра, и таа има силни ставови и не се плаши да ги каже.

„Гласна, млада жена е многу провокативна, особено за нив“

Во интервjуто, Bea зборува и за начинот на кој некои продуценти се однесуваат кон неа.
„Имам многу стрејт машки продуценти кои ми кажуваат како да пеам. Тие сакаат да се чувствуваат како да ме научиле. Гласна, млада жена е многу провокативна, особено за нив, бидејќи сакаат да имаат контрола“, објасни таа.
Bea признава дека сака светска слава, но за неа „поважно е да има обожаватели кои те разбираат“.
„Тие се многу специфични. Имаат исти интереси, ист начин на облекување, ист хумор. Јас сум многу саркастична“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *