Сите скандали на Мис Универзум 2025: Од расизам до оставки и отпуштања и проблеми со законот на трансродовата косопственичка – распад систем

Натпреварот за Мис Универзум секогаш бил симбол на убавина, но оваа година вредностите беа засенети од неочекувано многу скандали. Од оставки на учеснички и судии, преку отпуштања на извршни директори поради навредливи коментари, до тоа што ко-сопственичката се соочува со налог за апсење — натпреварот може да исчезне, предупредуваат експерти. Дали ќе преживее или ова ќе биде фатален крај за некогаш најпрестижната манифестација за убавина?

Сите скандали на Мис Универзум 2025: Од расизам до оставки и отпуштања и проблеми со законот на трансродовата косопственичка - распад систем

Две фаворитки се повлекоа поради различни вредносни и сомнежи за расизам

Шампионката на Естонија, Бригита Шабак, и Мис Универзум Африка и Океанија, Оливија Јасе од Брегот на Слоновата Коска, поднесеа оставки наведувајќи дека натпреварот повеќе не соодветствува на нивните вредности.
‘За да го искористам целиот свој потенцијал, морам цврсто да бидам приврзана за моите вредности и принципи кои водат кон извонредност’, напиша Јасе.
Официјалино, Шабак ја посочи Националната директорка Натали Корнејцик како главна причина за повлекување. Фановите и поранешни учеснички се прашуваат дали организаторите користеле различни девојки само за да изгледа дека има диверзитет.
‘Дали им ги украдовте парите на моите афро-карипски девојки? Дали ги пуштивте на натпревар знаејќи дека никогаш нема да победат?’ праша поранешната Мис Гваделуп Офели Мезино.
Овие случаи отворија сомнежи за системски проблеми зад сцената.

Две фаворитки се повлекоа поради различни вредносни и сомнежи за расизам

Извршен директор избркан поради вербални навреди кон натпреварувачка – скандал кој предизвика протестен излез

Наџрат Исарагрисил беше отпуштен од раководната позиција по јавното понижување на Мис Мексико, Фатима Бош, обвинета што ја прескокнала фото сесија со спонзорите. ‘Мексико, каде си? Слушнав дека нема да поддржуваш сè што е поврзано со Тајланд. Тоа точно ли е?’ – изјави тој на снимка која стана вирална, а бил обвинет и дека ја нарекол ‘глупава.’
После оваа сцена следеше напуштање на дел од учесничките. Исарагрисил демантира дека ја нарекол ‘глупава’, велејќи: ‘Изјавив “штета”, а не “глупава”.’ Според него, некои настојуваа да ја претстават како жртва за да добијат легитимитет за победа. По инцидентот, председателот Раул Роча објави дека Исарагрисил ќе биде отстранет и ќе добие санкции.

Извршен директор избркан поради вербални навреди кон натпреварувачка – скандал кој предизвика протестен излез

Двајца судии поднесоа оставки поради сомнежи за наместување и расистички одлуки

Омар Харфуш и Клод Макелеле се повлекоа како судии пред почетокот на натпреварот. Макелеле не даде објаснување. Харфуш напиша дека председателот Роча ‘лично ми побара да не гласам за одредени земји, меѓу кои сите африкански, неколку азиски и европски земји, под образложение дека ќе имаат проблеми со визи.’ ‘Одлуката да се исклучи Мис Кот Д’Ивоар само поради визни проблеми – и што е уште поважно, затоа што е Африканка – не само што е дискриминаторска, туку е и чист расизам,’ изјави Харфуш. Тој обвини и дека илегално биле исклучени 106 држави од натпреварот.

Претседателот Роча ја носи организацијата во нова криза – изрази желба да ја продаде својата сопственост

Раул Роча, сопственик на 50 проценти од акциите на Мис Универзум, најави дека бара купувач поради умор од скандалите. ‘Преку глава ми е од сите приказни и трачеви. Сакам да му ја пренесам акцијата некому друг’, изјави тој за мексикански медиуми. Роча е претседател само од јануари 2024 година, откако компанијата на Џакафонг Јакрајутатип стекна половина сопственост во 2023.

Трансродовата ко-сопственичка се соочува со налог за апсење поради судски спор за измама

Џакафонг ‘Ен’ Јакрајутатип, која го купи натпреварот за 20 милиони долари во 2022 година, има налог за апсење во Тајланд бидејќи не се појавила на судење за случај на измама, неповрзан со натпреварот. Таа беше прогласена за потенцијална бегалка и не присуствуваше на овогодинешниот избор, кој се одржа токму во Бангкок, градот каде се одржува и судскиот случај против неа.

Несреќа за Мис Јамајка – повредена при пад од сцената за време на изборот

Габриел Хенри, претставничката на Јамајка, беше итно пренесена во болница по пад од сцената за време на прелиминарната вечер. Беше изнесена на носила, но се утврди дека не се работи за животозагрозувачки повреди.

Иднината на Мис Универзум е неизвесна – натпреварот може да исчезне ако не се случат длабоки реформи

Драмите и напуштањата од натпреварот ја доведуваат во прашање релевантноста и опстанокот на Мис Универзум. ‘Искрено, мислам дека ако не се направат значајни промени, ќе има и пад, дури можно е и натпреварот да исчезне,’ предупреди поранешната победничка Черел Мукоко. Таа смета дека најголемиот проблем е што девојките не се ставаат на прво место, и дека мора да се врати довербата и интегритетот. ЛаТоја Еванс, која работела со покојната Мис САД, смета дека „светот на избори за убавина веќе е целосно сменет“ и дека денешните натпреварувачки се многу посвесни и одлучни да ги заштитат своите вредности и иднина. ‘Овие жени не се драматични или неблагодарни. Тие ни сигнализираат дека нешто не е во ред.’ Нивните зборови се ехо на една индустрија која е на крстопат – ќе се препороди или ќе исчезне.

  • SSSR напиша:

    Porano pva bese za Uzivajne da goedas prestis da si tamu sega sto Bolesti Satanisticki Mazi ke idele na Ubavina za Zeni Bolest Psiholozi za vas treba ili Inekcii i sportot go zaebavte i sve Sionisti Roditel 1,2 Boze gospode

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на MANJAK Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *