Скандали ги тресат будистичките монаси: Интимни снимки, „помагало“ што никој не очекувал и шверц со дрога

Будистичкото свештенство во Тајланд е погодено од нов голем скандал. Монах на висока позиција бил снимен за време на интимен однос преку надзорните камери во манастир, а случајот повторно го сврте вниманието кон низата афери што ја потресоа јавноста – од наводни проневери и уцени до оружје и наркотици пронајдени во манастирски простории.

Скандали ги тресат будистичките монаси: Интимни снимки, „помагало“ што никој не очекувал и шверц со дрога

Игуменот од манастир од 14 век бил снимен на надзорни камери

Пра Вачирајан Ви (66) минатата недела ги прекршил монашките завети во својот манастир во древниот град Ајутаја. Тој, исто така, е обвинет за проневера повеќе од 2 милиони евра наменети за манастирот.
Снимките биле емитувани на националните телевизии во Тајланд, што предизвикало силен шок во јавноста. Но, овој случај не остана изолиран пример на духовен водач во центарот на тежок скандал.

Игуменот од манастир од 14 век бил снимен на надзорни камери

Кај „Сика Голф“ биле пронајдени над 80.000 фотографии и видеоснимки

Во друг случај, тајландска државјанка била уапсена под обвинение дека тајно снимала интимни односи со будистички монаси, а потоа ги уценувала за милионски износи.
Обвинетата Вилаван Емсават (35), позната под прекарот „Сика Голф“, според полицијата изнудила речиси 10 милиони евра. Материјалите што биле пронајдени кај неа, како што наведуваат властите, биле користени за уцена.

Кај „Сика Голф“ биле пронајдени над 80.000 фотографии и видеоснимки

Поплаки за пукотници ја донеле полицијата во манастирот Пром Сунтон

За време на полициска рација во манастирот Пром Сунтон, во провинцијата Чонбури, четворица монаси биле уапсени. Кај нив биле пронајдени забранети предмети, илегално оружје и наркотици.
Полицијата упаднала во објектот по поплаки од локалното население за пукотници. Во акцијата биле запленети готовина, огнено оружје и забранети реквизити.

Поплаки за пукотници ја донеле полицијата во манастирот Пром Сунтон

Четворица монаси биле позитивни на метамфетамин и веднаш расчинети

При рацијата, властите затекнале монаси кои биле позитивни на метамфетамин. Сите четворица веднаш биле разрешени од своите позиции и расчинети.
Надлежните власти започнале постапки за нивна рехабилитација и депортација, додека серијата случаи продолжува да ја нарушува довербата во будистичките верски институции во Тајланд.

Четворица монаси биле позитивни на метамфетамин и веднаш расчинети

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *