Скопјани сепак дишеле тешки метали од пожарот во Трубарево, објави Министерството за животна средина

Концентрацијата на кадмиум во воздухот по пожарот во Трубарево била скоро 12 пати повисока од дозволената, а имало и зголемено загадување со арсен и олово, објави Министерството за животна средина, шест дена откако избувна големиот пожар во Трубарево. Се работи за анализа од земени примероци за присуство на тешки метали во воздухот, од минатиот викенд – 13 и 14 септември.

Измерени се 59,1 ng на метар кубен концетрација на кадмиум во воздухот од дозволените 5. Има зголемување на концетрацијата на арсенот, од максималните 6, измерени се 8,9 нанограм на метар кубен. Во воздухот имало 0,75 микрограми концетрација на олово од дозволените 0,5. На тешкиот метал никел нема надминување на дозволените граници. Но, тековните мерења покажаат дека веќе состојбата на воздухот е стабилизирана и е во рамките на границите, велат од МЖСПП.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • SSSR напиша:

    Nie 35 godini disime Lajna i kutime nie ne sme NAROD Nacija Nie sme Bagra od Makedonci kukavici prodaeni dusi deca ni umiret disme ne kradat i Kutime dodek ne sme na Ulica nisto ne prajme

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Жарко Г. Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *